Србија ја намали цената на ковид-тестовите

Од:

На денешната седница на Кризниот штаб одлучено е отсега да поминат три месеци помеѓу втората и третата доза од вакцината.

Во Србија меѓу втората и бустер дозата на вакцината ќе бидат доволни 3 месеци, а третата доза граѓаните ќе можат да ја примаат по 3 месеци – е една од првите одлуки на Кризниот штаб. Исто така, се намалува периодот на изолација од 10 на 7 дена, беше речено денеска.

Покраинскиот секретар за здравство и член на кризниот штаб Зоран Гојковиќ изјави дека во Србија се уште нема потреба од четврта доза.

Во изјавите за медиумите по седницата на Кризниот штаб, Гојковиќ објасни дека сите одлуки за вакцинација се носат во согласност со научните истражувања, додавајќи дека засега нема научна потврда дека е потребна четврта доза.

„Полека со четвртата доза“, рече Гојковиќ.

Тој ги повика сите граѓани да се вакцинираат и повтори дека тоа е неопходно за да се спречи ширењето на вирусот.

Исто така, цената на ПЦР тестот е намалена.

„Донесена е одлука сите оние кои сакаат да се тестираат на лично барање да можат тоа да го направат по пониски цени, наместо 9.000, ПЦР сега е 6.000 динари, додека антигенскиот тест сега е намален од 3.500 на 1.800 динари“, изјави денеска Гојковиќ.

Наведе и дека е донесена одлука за скратување на времето на вакцинација помеѓу втората и третата доза.

„Донесовме одлука времето меѓу втората и третата вакцина да се скрати на три месеци. Третиот заклучок е дека се скратува времето на изолација, сега ќе биде 7 дена“, истакна д-р Гојковиќ.

Согласно важечкиот закон, ќе добиете налог за изолација од санитарната инспекција во случај да сте позитивни на вирусот.

„Во случај да ја нарушите самоизолацијата, санитарната инспекција и полицијата се должни да ве вратат во изолација. Како што толкуваат адвокатите, не постои законска мерка да се казни некој за прекршување на самоизолацијата“, рече Гојковиќ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов