Србија испрати протестна нота до ЕУ поради преставувањето на Никола Тесла за Хрват

Од:

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Србија испратила протестна нота до еврокомесарката за иновации, истражувања во културата, образование и млади, Марија Габриел, откако на веб страната на Европската унија беше објавено дека Никола Тесла е Хрват.

-Јас неколкупати повторував, дека ако Никола Тесла живееше во Југославија (за време на Втората светска војна), тој ќе завршеше во концентрациониот логор Јасеновац, изјави Дачиќ за ТВ Пинк.

Вчера реагираше и министерот за култура и информации, Владан Вукосављевиќ, кој изјави дека се надева оти институциите на ЕУ ќе и се извинат на српската јавност и дека таа „непримерна грешка“ ќе биде исправена без одлагање.

Тој додаде дека му е особено жал што тоа се наоѓа на официјалната веб-страница на ЕУ, која, како што вели, „барем декларативно се залага за вистински историски погледи и политика на разбирање и взаемно почитување меѓу државите и народите во Европа.

Би можело да ве интересира

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов