Воени пилоти од Русија и Србија во септември оваа година ќе имаат заеднички вежби, соопшти руското Министерство за одбрана.
– Официјални претставници на ВВС на Русија и на Србија се договорија да организраат заеднички тактички вежби во септември, изјави Игор Климов портпарол на Министерството.
– Екипажите на МИГ-29 ќе извршуваат задачи за пресретнување воздушни цели, а хеликоптери МИ-8 ќе работат на тактичко приземјување, поддршка за копнени сили од воздух, испукување ракети врз цели на земја како и спасувачки операции, прецизира Климов.