Србија и Црна Гора од идната недела ќе преговараат согласно новата методологија на ЕУ

Од:

Србија и Црна Гора ќе ги одржат своите први Меѓувладини конференции со ЕУ во рамки на новата преговарачка методологија на ЕУ усвоена минатата година, јави дописничката на МИА од Брисел.

Новата методологија предложена од страна на Европската Комисија беше одобрена и усвоена во март 2020 за идните земји кандидати што ќе започнат преговори со ЕУ, но беше отворена за земјите кои веќе преговараат да се вклучат на доброволна основа.

Оваа нова „засилена“ методологија предвидува зајакнато политичко управување со процесот и групирање на преговарачките поглавја во шест тематски кластери.

Белград и Подгорица прифатија да се приклучат кон овој обновен процес и првите Меѓувладини конференции за овие две земји во новата рамка ќе се одржат во вторник во Луксембург по Советот за општи работи на ЕУ.

Не е предвидено отворање или затворање на нови поглавја, потврдија ЕУ дипломатите.

– Целта е да се даде нов поттик на преговорите, овие две политички Меѓувладини конференции ќе обележат исчекор во преговарачкиот процес, сметаат од португалското претседателство.

Советот на ЕУ во последните месеци интензивно работеше на прилагодување на процесот со Белград и Подгорица на новата методологија.

– На Меѓувладината ќе се усвои новата методологија за двете земји, не е предвидено отворање и затворање на поглавја, потоа ќе се оди по кластери, целта е да се отвори кластер во блиска иднина, објаснија од Советот на ЕУ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Градежници свртеа вол на ражен во центарот на Белград, комшиите им викнаа полиција

Жарко Настоски

Се влошува состојбата во Србија – над 300 нови случаи на Ковид-19

Жарко Настоски

Српскиот претседател денеска и утре во Скопје во рамки на Економскиот форум за регионална соработка

Ана Ололовска

ВИДЕО: Српскиот министер за транспорт имаше напад на слепо црево, итно е опериран во Ужице

Жарко Настоски

Вучиќ: Србија не може да ја остави Република Српска без поддршка

Ана Ололовска

Во Црна Гора од петок нови мерки против Ковид-19, се воведува и дигитална Ковид-потврда

Ана Ололовска