Србија и Бугарија ќе потпишат договор за изградба на гасовод, финансиран од ЕУ

Од:

Премиерите на Србија и Бугарија Ивица Дачиќ и Бојко Борисов ќе потпишат утре во Брисел договор за изградба на гасовод што ги поврзува двете земји, јави Танјуг, повикувајќи се на соопштение на Европската комисија.

Документот ќе биде потпишан во присуство на еврокомесарот за енергетика Гинтер Јотингер, соопшти неговата портпаролка Катерина Рибарова.

Изградбата на гасоводот ќе биде финансирана од ЕУ. Гасоводот ќе биде со вкупна должина од 180 километри и капацитет од 1,8 милијарди кубни метри гас годишно.

Проектот во вредност од 120 милиони евра има за цел да спречи ситуации како таа во 2009 година, кога снабдувањето на двете земји со гас беше прекинато поради тешките зимски услови.

Би можело да ве интересира

Грујичиќ: Во 1999 година се водеше нуклеарна војна против СРЈ, се зголеми бројот на малигни заболувања

3-годишната Милица загина од шрапнел во сопствениот дом – за 78 дена, 79 деца жртви на бомбардирањето

Анита Петровска Рајковиќ

Ковачевски држеше лекции по Устав: Македонците во Бугарија треба индивидуално да си го остварат правото на самоопределување

Орце Костов

Пет членки на ЕУ не го признаваат Косово, Блинкен: Договорот меѓу Србија и Косово ќе ги охрабри

Ана Ололовска

Само 169 Бугари од Македонија ќе гласаат на изборите во Бугарија, во Охрид не се пријавил ниту еден

Орце Костов

Се уште нема никаква трага од Милош, Ненад и Милан, тројцата мажи кои исчезнаа во Дунав

Ана Ололовска