Србија: Дијалогот продолжува, разликите постојат

Од:

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ и премиерот Ивица Дачиќ по состанокот со високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон најавија дека дијалогот Белград и Приштина ќе продолжи на 20-ти март.

На заедничката конференција Дачиќ истакна дека се уште постојат разлики во ставовите на двете држави, за формирање на заедница на српските општини на Косово и дека договор по тоа прашање се уште не е постигнат.

Тој нагласи дека договор нема да има додека не се разгледаат суштинските предлози на Белград и мора да се најдат одговори на прашањата што ќе претставува заедницата и кои ќе бидат нејзините надлежности, како и прашањата за полицијата и правосудството.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ