Спречен терористички напад врз Евреи во Атина

Од:

Во Атина е спречен голем терористички акт организиран од странство. Планирано е цел на терористот да биде еврејски ресторан-синагога во центарот на градот, во Псири, а нападот да биде извршен за време на велигденските празници во Грција. Трагедијата е навреме избегната благодарение на заедничката акција на грчката полиција и разузнавачката служба, во соработка со израелскиот Мосад.

– Се се одвиваше во Атина, со навремено апсење на двајца Пакистанци кои подолго време се на територијата на Грција и постапуваа по наредба на трето лице од Иран кој се смета за „мозок“ на акцијата. Кај уапсените се пронајдени телефони со кореспонденција и информации кои потврдуваат дека веќе е утврден датумот, местото и списокот на лица кои ќе бидат вклучени во целата акција – се вели во соопштението на грчката полиција.

Уапсените Пакистанци се подолго време следени, особено по информациите на израелската разузнавачка служба Мосад дека веќе биле гонети во Кипар и Истанбул за планирање напади врз израелски објекти во тие земји. Истрагата во Грција започна на крајот на минатата година. Собрани се релевантни докази, меѓу кои и кореспонденција со директорот од Иран, кој ветил награда од 15.000 евра за секој од сторителите за нападот на синагогата. Во телефонот се пронајдени и видео снимки од ресторан-синагога каде требало да извршат вооружен напад. Како уште едно решение се споменуваше и отровниот гас, но конечно, според наредбата од Иран, беше одлучено тоа да биде експлозија организирана во време кога синагогата е полна и кога има многу луѓе и туристи на улиците поради Велигденски празници.

Израелски извори велат дека терористичката акција потекнува од Иран и е насочена против Израел и еврејски цели во странство.

Би можело да ве интересира

Грција ќе добие службена влада

Катерина Павлова-Николовска

Владејачката Нова демократија освои 40,8 отсто од гласовите на изборите во Грција

Горан Наумовски

Избори во Грција: Нова демократија со 20 отсто разлика пред Сириза

Катерина Павлова-Николовска

Избори во Грција: Мицотакис води, но тешко ќе формира влада

Катерина Павлова-Николовска

Избори во Грција: Неизвесна битка меѓу Мицотакис и Ципрас

Катерина Павлова-Николовска

Земјотрес во Грција

Горан Наумовски