Спречен шверц на 992 килограми марихуана од Албанија кон Италија

Од:

Албанската полиција во соработка со Гуарда ди финанса и Фронтекс спречи шверц на околу еден тон марихуана.

Во акцијата уапсени се тројца албански државјани а по еден се трага, сите жители на Валона, на возраст од 19 до 33, како и двајца украински државјани, на возраст од 43 и 67 години.

Тие ќе одговараат пред судот во Валона.

– Во акцијата „Сири” (око) која беше реализирана од копно, вода и од воздух, беа ангажирани 250 полициски службеници. Запленети се 992 килограми марихуана, три моторни чамци, две патнички моторни возила и неколку мобилни телефони. Голема помош во акцијата даде италијанската полиција со навремените информации за движењето на чамците кои беа пресретнати во морските води, информираше албанската полиција.

Во меѓувреме медиумите јавија дека во две одделни акции грчката полиција запленила 377 килограми марихуана во пограничната зона со Албанија од каде била прошверцувана дрогата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија