Според Ватикан во Албанија живеат 510.000 католици

Од:

Папата Бендикт Шеснаесетти за негов специјален претставник во Тирана го именува шпанскиот кардинал Сантос Абрил Кастело, кој ќе допатувал во Албанија на 29 септември за да учествува на одбележувањето на 950-годишнината од создавањето на една епархија во северот на земјата, објави тиранскиот весник „Тема“.

Весникот посочува дека според тврдењето на интернет сајтот „Катвеб“, Ватикан проценува дека во Албанија живеат околу 510.000 католички верници.

„Во времето на комунизмот Албанија се прогласи за прва атеистичка држава во светот. По укинувањето на антирелигиозните закони во 1991 година, црквата повторно живее во мир. Двете земји (Албанија и Ватикан) има воспотваено дипломатски односи“, наведува „Катвеб“, додавајќи дека според податоците на Ватикан, од околу трите милиони жители на Албанија, 510.000 се католици, што би било околу 17 проценти од вупната популација.

До демократските промени на албанските граѓани им беше забрането слободно да ги изразуваат верските чувства. Во отустсво на официјални податоци од ланскиот попис, при објавување на информации за верската припадност на жителите на Албанија, вообичаено се наведуваат податоци од некои претходни пописи или проценки, според кои, 70 отсто од населението се муслимани, 20 проценти православни и 10 отсто католици.

Би можело да ве интересира

МНР ги повикува Македонците во Албанија слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност на претстојниот попис

Во пресрет на пописот во Албанија: Јотова ќе се сретне со Бугари во Голо Брдо кое е населено само од Македонци

Орце Костов

Реконструкција на албанската влада, меѓу новите министри и еден Македонец

Италијанци избегале од ресторан во Албанија, премиерката Мелони ја плати сметката

Фатени шверцери на марихуана, со рибарски чамец ја пренесувале во Македонија од Албанија

Почина Србин на плажа во Албанија