Според сеизмолозите големата штета е последица од септемвриските земјотреси

Од:

Серијата земјотреси што утрово ја погоди Албанија нанесоа голема материјална штета, а како главна причина, според грчкиот сеизмолог Ефимиос Лекас, е тектонското нарушување од септември.

Според експертите земјотресот со интензитет со интензитет од 6,4 степени по Рихтеровата скала е најсилен во Албанија во последните 30 години.

Лекас наведува дека големата материјална штета е последица на септемвриските земјотреси што ја ослабнаа структурата на објектите.

– Всушност тие објекти, чија структура ослабна при септемвриските земјотреси, денеска се урнаа и заробија голем број луѓе, посочи Лекас за албанскиот портал „Сот њуз“.

Во силниот земјотрес што утринава ја погоди Албанија, потврдена е смртта на најмалку 13 лица, од кои најмалку две се деца, јавија локалните медиуми.

Балкан Веб посочува дека во земјотресот загинале 13 лица, од кои петмина во Туман – градот кој беше најсилно погоден од земјотресот.

АТА јавува дека на најмалку 600 лица им била укажана лекарска помош во здравствените установи. Агенцијата, исто така, пренесе дека досега, од под урнатините се спасени најмалку 28 лица во Туман и Драч, но има и извештаи за значителен број на луѓе кои остануваат заробени во урнатините под остатоците од зградите во тие области.

Епицентар на потресот е лоциран меѓу Драч и Тирана, на длабочина од десетина километри. По силниот земјотрес, следуваа уште неколку потреси.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак

Силен земјотрес го погоди Мексико

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски