Според препораките на ММФ и мажите и жените во Србија ќе се пензионираат на 67 години

Од:

И жените и мажите во Србија би требало да се пензионираат на 67 години, според ставовите на ММФ за пензинската реформа во земјата, пишува белградскиот весник „Блиц“.

Ако министерствата за финансии и труд го прифатат овој предлог, за право на пензија во Србија мажите ќе треба да работат две години повеќе, а жените седум години повеќе во однос на сегашните закони, наведува весникот.

Според весникот синдикатите се против ваквата идеја, како и министерството за труд. Според нив, Србија има економски и демографски карактеристики и ММФ не може да ја третира земјата исто како останатите европски земји.

Министерството за финансии наведува дека владата треба да постигне согласност за реформите на пензискиот систем до средината на 2014 година.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ