Сплит: Сериски убиец и го одзел животот на Мексиканката?

Од:

Според психолошкиот профил на убиецот кој ја силуваше и закла мексиканската туристка во Сплит, се претпоставува дека се работи за пореметена личност која повторно ќе убие некого.

Профилот го направи сплитскиот невропсихијатар и судски вештак доктор Мијо Милас, кој тврди дека убиецот на Селена Маседо не е наркоман ниту бездомник, туку девијатна личност, и дека може повторно да нападне.

„Мојата проценка е дека убиецот е млад маж, на возраст меѓу 35 и 40 години, кој има стан и кој гледа телевизија. Претпоставувам дека е садистички настроен и дека имал многу негативни искуства со жените. Мислам дека со години не успевал да оствари нормален пристап и однос со жените и дека не можел нормално да доживее оргазам, туку преку телевизијата градел свој имагинарен свет, размислувајќи како ќе нападне некоја жена“, наведува Милас.

Тој претпоставува дека убиецот подолго време создавал слика во својата глава како ќе нападне некој жена, фрустриран што со години не можел да оствари врска со некоја девојка, па и затоа наоружан со нож шетал и чекал прилика.

„Моето мислење е дека тој и претходно лутал со намера да изврши вакво дело, но овај пат му се поклопиле околностите и успеал во својата намера“, вели Милас.

Претпоставката дека убиецот гледал се на телевизија, Милас ја темели на самолепливата трака со која била врзана девојката и вели дека селотејпот досега не бил користен при ниедно убиство во Хрватска.

„Веројатно тоа го видел во американските филмови“, вели Милас.

Сплитискиот невропсихијатар претпоставува дека жртвата е заклана по силувањето, а после ја одврзал девојката, ја однел до дупката и ја закопал. Милас е сигурен дека убиецот ќе се крие 10 до 15 дена, а после тоа постои опасност повторно да нападне.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он