Сплит: Семејството Николовски во станот, бранителот пред врата

Од:

Веќе два дена во сплтската населба Спинут, се одвива невидена драма. Имено семејството на Боро Николовски, таткото на првата пејачка на групата Магазин, Лилјана Николовска, конечно после 20 години егзил влезе во својот стан, откако правосилно ги завршија сите судски спорови во своја корист.

Но од станот не се откажува ни пензионираниот бранител Златко Љубичиќ, кој со членови на неговото семејство деноноќно дежура пред вратата на станот, барајќи од Министерството за бранителите да му најде сместување.

Полицијата го приведе Љубичиќ бидејќи во станот најде оружје и муниција. После сослушувањето Љубичиќ е пуштен и тој се врати пред заклучената врата на станот на семејството Николовски. Ситуацијата е повеќе од напната, ова е игра на нерви, кажуваат комшиите. Николовски држат позиција во станот, а пред влезната врата дежураат Љубичиќ и неговите.

За секој случај станот во Спинут под надзор го држи Сплитската полиција.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он