Спираки: На маса се сите парламентарни оружја на Нова демократија

Од:

Сите парламентарни оружја се на маса, вели портпаролката на грчката опозициска партија Нова демократија, Мариа Спираки во однос на веројатноста тие да достават иницијатива за гласање недоверба на владата поради Договорот од Преспа.

На денешниот брифинг со новинарите, Спираки уште еднаш повтори дека тие се против договорот бидејќи „е штетен за националниот интерес“ и додаде дека секој пратеник на гласањето за ратификацијата, ќе биде соочен со неговата совест.

-Сите наши парламентарни оружја се на маса. Од почеток укажавме дека сме против Договорот од Преспа, бидејќи им штети на националните интереси. Мислам дека е јасно, и повторуваме дека ако овој договор дојде во Парламентот, секој пратеник ќе се биде соочен со неговата совест, рече Спираки на денешниот брифинг со новинарите.

Во однос на претстојната посета на грчкиот премиер, Алексис Ципрас на Солун во петок и неговото обраќање, поврзано меѓу другото и со Договорот од Преспа, портпаролката на Нова демократија и европратеничка вели дека Ципрас се обидува да покаже храброст.

-Господинот Ципрас се обидува, уште еднаш, да покаже храброст, одејќи во Солун. Дело на господинот Ципрас и на неговиот коалиционен партнер, господинот Каменос е фактот што во Преспа беше потпишан договорот што му штети на националниот интерес. Негово дело е признавањето на „македонски“ јазик и „македонска“ националност, рече Спираки.

Би можело да ве интересира

Поддршка од 2,9 милиони евра од САД за Грција за справување со миграциското прашање и Ковид-19

А1он

Американски и грчки воени авиони утре со прелет над Скопје ќе го поздрават нашето членство во НАТО

А1он

Грчката Влада со 115 милиони евра ќе ги поддржи авиопревозниците

А1он

Теохарис: Пред крајот на месецов ќе ја соопштиме листата со земји кои на 15 јуни ќе може да патуваат во Грција

Ана Ололовска

Света Гора делумно се отвора на 1 јуни, под посебни мерки и за ограничен број верници

Ана Ололовска

Стејт департментот ги смирува тензиите помеѓу Атина и Анкара

Ана Ололовска