Спелеолог падна во пештера во Хрвтска, ќе го спасуваат неколку дена

Од:

Еден спелеолог е тешко повреден по пад во најголемот пештерски систем во Хрватска, Кита Гачешина.

Во текот на истражувањата на составот на пештерата, на 500 метри длабочина, поради попуштање на еден од клиновите со кои што бил закачен, паднал во провалијата.

Хрватската спасувачка служба покренала итна акција, при што од Загреб со хеликоптер веднаш пристигнал медицински тим кој бил однесен до врвот на пештерата. Една докторка успеала да се спушти во пештерата и да ја стабилизира состојбата на повредениот.

Спасувачката акција ќе трае неколку денови, јавуваат хрватските медиуми бидејќи спелеологот се наоѓа многу длабоко во пештерата и далеку од отворот. Проблемот дополнително го отежнува и системот од тесни канали во пештерата, кои најверојатно ќе треба да се прошируваат за низ нив да мине носилката со повредениот.

Слична акција како оваа била изведена и лани, кога друг спелеолог паднал 300 метри во пештерата. Меѓутоа сега, објаснуваат спасувачите, се работи за многу посериозна мисија и далеку поголема длабочина.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Автомобил излетал од тркачка патека и влетал во публика: Има мртви, меѓу нив и дете

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска