СПЦ: Со договорот Србија ја предава својата вековна традиција

Од:

Синодот на Српската православна црква (СПЦ) денеска оцени дека бриселскиот договор за Косово е „предавство на сопствената вековна и најважна територија“ и посредно и премолчено, но сепак фактичко признавање на косовската власт и повлекување на Србија од јужната покриана.

Синодот во соопштението потпишано од патријархот Иринеј наведува дека текстот на договорот потпишан во Брисел „за принципите за нормализација меѓу Белград и Приштина“ е еуфемизам наместо „Србија и Косово“.

– По плаќањето на ваква висока цена за фамозниот „датум за почеток на преговорите“ и тоа преговори со непознат број нови услови и со неизвесен исход, цената за евентуалниот влез во ЕУ ќе биде и формално признавање на „независно Косово“ од страна на Србија и нејзина обврска да не попречува Косово да добие место во ОН, се наведува во соопштението од Синодот на СПЦ.

Синодот апелира до пратениците во Собранието на Србија и до претседателот на Србија Томислав Николиќ „пред бог, историјата на српскиот род и сопствената совест да ја измерат својата морална и историска одговорност при одлучувањето за давање или недавање на согласност на Србија на таков текст од бриселскиот договор“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов