СПЦ: Патријархот Иринеј не го критикуваше државното раководство на Србија

Од:

Кабинетот на српскиот патријарх Иринеј ја демантираше информацијата објавена во некои медиуми дека патријархот во разговор со поглаварот на Руската правиславна црква, Кирил го критикувал државното раководство на Србија.

– Неговата светост, српскиот патријарх господин Иринеј, кој со црковна делегација се наоѓа во канонска посета на поглаварот на Руската црква Кирил, е крајно непријатно изненаден од лажната информација која ја објавија некои медиуми во Србија дека во разговорот со својот домаќин изрекол критики и обвинувања на сметка на српското државно раководство, се наведува во соопштението.

Во соопштението се наведува дека оваа „дезинформација“ не е само злонамерна и антицрковна, туку ја открива и намерата на нејзините автори „да ги нарушат традиционално братските односи и довербата меѓу српскиот и рускиот народ“.

Медиумите вчера објавија дека Иринеј на средбата со патријаркот московски и серуски Кирил побарал помош од Руската православна црква и од руските власти за „зачувување на Косово“, при тоа упатувајќи критика кон српските власти.

– Не смееме да се откажеме од Косово и Метохија затоа што тоа ќе значи да се откажеме од историјата, културата, духовноста и светоста. Нашето сегашно раководство е под прилично влијание на Западот. Црквата прави се нивната свест да се врзе за моќната руска историја и за руската црква, посочил Иринеј.

Според истите извори, патријархот Кирил повторил дека РПЦ се согласува со ставовите на СПЦ за прашањето за Косово. – Со жалење констатирам дека на политичкото раководство на Србија му недостига сила да има исти ставови. Сметам дека политичкото раководство треба да ги слушне ставовите на СПЦ, а не да ги игнорира, а уште помалку тоа да го прави јавно, нагласил рускиот патријарх.

Тој додал дека во процесот на решавање на прашањето со Косово треба да биде вклучена и СПЦ.

Иринеј допатува во прва официјална посета на Русија откако е избран за патријарх. За време на двонеделната турнеја, тој ќе посети повеќе цркви и манастири во Русија, Украина и во Белорусија.

Би можело да ве интересира

Поглаварите на МПЦ – ОА на СПЦ ќе одржат заедничка литургија во Охрид

Катерина Ѓуровски

Поглаварите на МПЦ и на СПЦ во Охрид ќе одржат заедничка архиерејска литургија

Ана Ололовска

ПОА на Вранишковски ќе се интегрира во Синодот на Македонската православна Црква – СПЦ донесе одлука

Почнува Соборот на СПЦ, теми Косово и македонското прашање

Ана Ололовска

Патријархот на СПЦ Порфириј устоличен во Пеќката патријаршија

А1он

Српскиот патријарх му додели Орден на Орбан: Тој се залага за христијански вредносен систем кој извира од Евангелието

А1он