СПЦ бира нов патријарх

Од:

Српската православна црква ќе почне денеска со постапка за избор на нов поглавар, 46-от патријарх, откако претходниот Иринеј почина од последици на Ковид- 19

Седницата на Саборот, наместо во зградата на Патријаршијата, како што беше досега, ќе се одржи, како што објави Српската православна црква, во криптата на Храмот Свети Сава на Врачар во Белград. Причината за преместувањето на местото на состанокот не беше официјално објавена, а јавноста спекулираше дека тоа се должи на пандемија.

Во соопштение, СПЦ наведе дека присуството на медиумите на настанот не е предвидено и дека по завршувањето на седницата ќе биде издадено официјално соопштение.

Дел од локалните медиуми претходно јавија дека е предложено учесниците на изборниот Сабор, наместо во патријаршиската куќа, да отседнат во белградскиот хотел „Хилтон“ во близина на еден од централните белградски плоштади Славија, што предизвика бурни реакции во јавноста.

Засаега никој од Српската православна црква не ја потврди или негираше таа информација.

Според последниот попис од 2011 година, 84,59 проценти од населението во Србија изјавиле дека припаѓаат на православната вероисповед.

Би можело да ве интересира

Поглаварите на МПЦ – ОА на СПЦ ќе одржат заедничка литургија во Охрид

Катерина Ѓуровски

Поглаварите на МПЦ и на СПЦ во Охрид ќе одржат заедничка архиерејска литургија

Ана Ололовска

ПОА на Вранишковски ќе се интегрира во Синодот на Македонската православна Црква – СПЦ донесе одлука

Почнува Соборот на СПЦ, теми Косово и македонското прашање

Ана Ололовска

Патријархот на СПЦ Порфириј устоличен во Пеќката патријаршија

А1он

Српскиот патријарх му додели Орден на Орбан: Тој се залага за христијански вредносен систем кој извира од Евангелието

А1он