СПЦ бара помош од Србија и Европа за ослободување на Јован Вранишковски

Од:

Соборот на Српската православна црква апелира до власта во Србија и демократските институции во Европа да му помогнат на охридскиот архиепископ Јован Вранишковски да излезе од затвор.

„Архиепископот Вранишковски, заедно со Воислав Шешељ се луѓето кои најдолго време во Европа се наоѓаат во истражен затвор. Неговото затворањето е неправедно, здравјето му е загрозено и престојува во нечовечни услови. За утре е закажано уште едно од многубројните рочишта – вели портпаролот на СПЦ, владиката Иринеј.

Како што пренесува Радио телевизија Србија, македонските власти го оптужиле Вранишковски за повеќе кривични дела, за што СПЦ смета дека се работи за негов политички прогон.

Информацијата за апелот на владиката Иринеј ја пренесе и Радио телевизија Црна Гора. Нивната вест вели дека за Вранишковски во Македонија се води судски спор за затајување пари и финансиски малверзации, но го споменуваат и долгогодишниот спор меѓу МПЦ и СПЦ за статусот на православната црква во Македонија.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Поглаварите на МПЦ – ОА на СПЦ ќе одржат заедничка литургија во Охрид

Катерина Ѓуровски

Поглаварите на МПЦ и на СПЦ во Охрид ќе одржат заедничка архиерејска литургија

Ана Ололовска

ПОА на Вранишковски ќе се интегрира во Синодот на Македонската православна Црква – СПЦ донесе одлука

Почнува Соборот на СПЦ, теми Косово и македонското прашање

Ана Ололовска

Патријархот на СПЦ Порфириј устоличен во Пеќката патријаршија

А1он

Српскиот патријарх му додели Орден на Орбан: Тој се залага за христијански вредносен систем кој извира од Евангелието

А1он