Спасени 92 мигранти во близина на Пелопонез

Од:

Вкупно 92 мигранти, меѓу кои и деца, беа спасени западно од Пелопонез откако пријавиле проблеми со едрилицата со која се превезувале, јави дописничката на МИА од Атина.

Спасувачката акција започнала вчера по побараната помош упатена до грчката крајбрежна служба, а утрово, сите 92 лица, безбедно биле пренесени на пристаништето во градот Каламата.

Од грчката крајбрежна служба соопштија дека во акцијата помогнале три брода што пловеле во близина, а спасените биле преземени од брод под италијанско знаме и пренесени на пристаништето.

Фото: Грчка крајбрежна служба

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски