Спано, Мијатовиќ и Абазовиќ во Будва: Без родова еднаквост нема праведна држава

Од:

„Обуките за родовата еднаквост, меѓусебната соработка и размена на добрите практики помеѓу судиите во регионот се клучни за остварување на родовата еднаквост“, беше кажано на отворањето на првиот Правосуден форум „Родовата еднаквост и Западниот Балкан“ кој се одржува на 1. и 2. април во Будва, Црна Гора.

Форумот го организираше AIRE центарот со поддршка на Владата на Обединетото кралство и Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH.

Форумот ги собра на едно место судиите на Европскиот суд за човекови права и судиите и експертите од регионот за да разговараат за клучните начела на родовата еднаквост воспоставени со јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права. Роберт Спано [Robert Spano], претседателот на Европскиот суд за човекови права, истакна дека судиите имаат важна улога во спротивставувањето на стереотипите, разбивањето на предрасудите и развивањето на свест за родовата еднаквост.

„Сите ние на тој начин придонесуваме кон остварувањето на родовата еднаквост, која е од клучно значење за функционирањето на демократијата и доброто владеење, како и за унапредување на благосостојбата на сите“, порача претседателот Спано.

Во воведното обраќање Дуња Мијатовиќ, комесарката за човекови права на Советот на Европа, нагласи дека насилството врз жените, вклучувајќи го и насилството во семејството, „ќе стане чума на минатото само ако заедно работиме на сузбивање на структурната и интерсекциската дискриминација и на остварување на родовата еднаквост.“

„Во времиња на големи предизвици, кои уште повеќе ги влошуваат насилството и дискриминацијатасо кои секојдневно се соочуваат жените и девојчињата, Истанбулската конвенција останува наш светилник во искоренувањето на овие појави, преку оспорување на патријархалните ставови кои ја овозможуваат, обезбедување на заштита на жртвите и казнување на сторителите и јакнење на свеста за нејзиниот ефект врз жените и девојчињата, како и врз општеството во целина“, додаде комесарката Мијатовиќ.

Форумот им пружа прилика на судиите и правните експерти да говорат за родовата еднаквост, родово заснованото насилство во семејството, како и за примената на праксата на Европскиот суд за човекови права во регионот.

Билјана Брејтвејт, програмска директорка за Западен Балкан во AIRE Центарот наведе дека родовата еднаквост и родовите стереотипи кои се присутни во правосудството влијаат врз можноста на жените да ги остварат нивните права пред судовите во регионот.

„Освен расправите за праксата на Европскиот суд за човекови права, важно е да се работи и на промени на ставовите во однос на улогите на мажите и жените во општеството, а посебно внатре во рамките на правосудството, како навистина би осигурале делотворност во заштитата на човековите права“, додаде директорката Брејтвејт.

На Форумот присуствуваше и Дритан Абазовиќ, потпретседател на Владата на Црна Гора, кој нагласи дека Црна Гора, како идна членка на Европската унија, во целост е посветена на јакнење на владеењето на правото.

„Еден од темелите на праведната држава е остварувањето на вистинска родова еднаквост. Нашата визија е модерно и просперитетно општество кое ги почитува и на еднаков начин ги третира сите свои граѓани и граѓанки“, додаде потпретседателот Абазовиќ.

Заменикот на британската Амбасадорка Стив Ерик кажа дека сите знаеме дека ширум Западниот Балкан праксата на изрекување казни за родово заснованото насилство е недоследна.

„Често се зема предвид и широкиот спектар на олеснителни околности, што доведува до пониски казни за сторителите. Резултат на тоа е правосуден систем кој не дејствува како доволно силен фактор на одвраќање од родово заснованото насилство“, истакна Ерик.

Тој исто така додаде дека Обединетото Кралство има склучено партнерство со AIRE Центарот „како би ги согледале начините на кои можеме да го поддржиме правосудниот систем така што ќе изградиме база на докази, вклучувајќи ги и најдобрите практики и ќе овозможиме размена на искуства помеѓу колегите од правосудството ширум Западниот Балкан“.

Слободан Шариќ, советник за владеење на правото на проектот „Правна реформа за економски развој на Западниот Балкан – GIZ GmbH, наведе дека проектот на GIZ „Правна реформа за економски развој“ во соработка со Советот на Европа има изработено Насоки за родово одговорен пристап при пресудувањето во предметите за родово засновано насилство.

„Овој документ ќе им помогне на судиите во усвојувањето на родово одговорен пристап во нивната работа и ќе обезбеди законите да се толкуваат во склад со суштинските поими на родовата еднаквост и меѓународните човекови права“, додаде советникот Шариќ.

Во текот на вториот ден од Форумот судиите ќе имаат прилика да разговараат за основањето на регионалната мрежа во чиј фокус на работа ќе биде родовата еднаквост.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски