СПАК побара податоци од САД за потребите во истрагата против Илир Мета

Од:

Албанското специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, во рамки на истрагата покрената против поранешниот претседател Илир Мета, побара податоци од одделот ФАРА каде се регистрирани компаниите за лобирање во Министерството за правда во САД, јави Топ чанел.

Според истиот извор СПАК бара одговор на неколку прашања, кои се одобрени од Министерството за правда и испратени преку дипломатска пошта во САД.

Преку овој налог, СПАК има намера да добие информации за исплатите на Социјалистичкото движење за интеграција(ЛСИ) чиј лидер беше Мета, за лобирање во САД, во време кога тој беше спикер на парламентот.

СПАК почна истрага на 24 минатиот месец, еден месец по завршување на неговиот претседателски мандат (24 јули) врз основа на пријавата од поранешниот пратеникот Халит Валтери, кој тврди дека за ЛСИ се потрошени 700.000 долари, но непријавени за лобирање, со цел обезбедување фотографирање на Мета со Доналд Трамп на неговата инаугурација за претседател на САД на 20 јануари 2017 година.

Испраќањето на барањето до САД доаѓа по неколку истражни дејствија во Албанија, како што е барањето испратено до Централната изборна комисија, ЦИК, за копија од формуларот за декриминализација на Илир Мета. Исто така побара и податоци од Управата за матична евиденција за неговиот идентитет, поточно презимето, по што беше потврдено дека тој фигурира како Илир Метај и оти никогаш не извршил промена.

Поранешниот претседател, сега прв човек на Партијата на слободата, во наредните недели најверојатно ќе биде повикан да сведочи во СПАК заедно со Петрит Васили, кој ја водеше ЛСИ во времето кога се случуваше ова наводно непријавено лобирање.

За ова лобирање прво пишуваше американското списание Mother Jones. Додека пак на 16 мај австрискиот весник „Кронен цајтунг“ објави текст според кој Илир Мета платил 700 илјади долари за лобирање преку кипарска шел компанија за да обезбеди фотографија на инаугурацијата на Трамп.

Самиот Илир Мета ги отфрли обвинувањата за ваквото лобирање и најави дека ќе поднесе тужба за клевета против весникот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мета потврди дека опозицијата на локалните избори ќе има заеднички кандидати за градоначалници

А1он

Мета: За тензиите во Косово одговорен е Белград, но и премиерот Рама

А1он

Мета: Рама зависник на антиалбанските кругови и меѓународната мафија

Мета: Да се обединиме сите против Рама

Мета му порача на Рама дека не се плаши од приказната дека бил шпион измислена со Баша

А1он

Мета: 180 милиони евра даночно затајување, напорите за борба против организираниот криминал ќе бидат поткопани

А1он