Спахиу: Многу Албанци не веруваат дека Косово ќе постои како држава

Од:

Политичкиот аналитичар Неџмедин Спахиу рече дека Србите не можат така лесно да го прифатат државјанството на Косово бидејќи, според него, голем дел од албанската заедница не верува дека таа „држава ќе постои за неколку години“, пренесува Клан Косова.

– Мислам дека не е проблем што голем дел од српското малцинство не ја признава државата Косово, туку проблемот лежи во албанската заедница, поради што е создадена државата Косово и која на Косово гледа со скептицизам, оценува Спахиу.

Политичкиот аналитичар отиде чекор понатаму за да го опише својот песимизам.

– Имам неколку десетици облози со мои блиски луѓе дека по три, десет или 20 години нема да постои држава Косово, што значи дека луѓето не веруваат во држава Косово. Како ќе го убедиме српското малцинство, кое не може така лесно да ја прифати новата реалност, не може така лесно да ја прифати државата Косово, кога голем дел од Албанците не веруваат дека државата Косово ќе постои, изјави Спахиу за магазинот Инфо.

 

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он