Советот на Европа ја прекори Бугарија затоа што не ги регистрира македонските здруженија

Од:

Советот на Европа ги повикува бугарските власти да запрат со поставувањето пречки и да создадат услови за непречена регистрација на здруженијата на етнички Македонци во земјата.

Во соопштението од Комитето на министри на Советот, се вели дека Бугарија треба да упати порака и да ги продолжи своите напори за подигање на свеста дека на здруженијата чија цел е да се постигне признавањето на македонското малцинство во Бугарија не треба да им се забранува да се регистрираат поради целите на здруженијата и средствата за нивно постигнување, што не е во согласност со пресудите на Европскиот суд во овие случаи и дека таквите здруженија не треба да бидат предмет на постапки за распуштање по слична основа.

Македонски организации и поединци Македонци, граѓани на Бугарија, со години поднесуваат жалби против одлуките на бугарските власти да го забрануваат делувањето на овие здруженија. Комитетот се повикува на член 46 од Конвенцијата за заштита на човекови прави и основни слободи. Против ваквото делување на бугарските власти досега се донесени и неколку пресуди на Судот за човекови права во Стразбур, но тие во Бугарија не се спроведуваат.

Би можело да ве интересира

Косово може да стане членка на Советот на Европа

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада