Совет на ЕУ: БиХ во моментов не ги исполнува политичките критериуми

Од:

Советот на Европската унија ги усвои заклучоците за Мислењето на Комисијата за барањето на Босна и Херцеговина за членство во ЕУ, посочувајќи дека земјата засега не ги исполнува политичките критериуми, пренесоа денеска босанските медиуми.

Во своите заклучоци, Советот на ЕУ апелира на извршните и законодавните тела на сите нивоа на власта да почнат да ги решаваат клучните приоритети идентификувани во Мислењето на Комисијата, издадено на 29 мај.

„Советот го поздравува Мислењето на Европската комисија за барањето на Босна и Херцеговина за членство во ЕУ. Советот е известен дека Босна и Херцеговина во моментов не ги исполнува политичките критериуми од Копенхаген во доволна мера и оти треба да се вложат значајни напори во јакнење на своите институции со цел гаранција на демократијата, владеење на правото, човековите права и почитување и заштита на малцинствата“, се наведува во заклучоците.

. Што се однесува на економските критериуми, БиХ постигнала одреден степен на макроекономска стабилност, но воспоставувањето на функционална пазарна економија и постигнување конкуретност на заедничкиот пазар сè уште е во рана фаза. БиХ треба да ги унапреди своите резултати во спроведувањето на обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација. БиХ е општо во рана фаза кога е во прашање нејзината подготвеност за преземање на обврските за членство во ЕУ и треба значително да го унапреди процесот на усогласување со правото на ЕУ и примена и спроведување на соодветното законодавство.

Би можело да ве интересира

Полска ја обвинува ЕУ за политика на двојни стандарди

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев на средба со претседателот на ЕС, Мишел: Силно сме мотивирани да продолжи европскиот курс на државата

Ана Ололовска

Мишел предлага три столба за отворање на процесот на преговори со Македонија

А1он

Средба Спасовски-Мишел: Ја очекуваме новата методологија за проширување на ЕУ

Драган Поповски

Заев: Добро е да имаме потврда од Мишел дека паралелно ќе се одлучува и за преговори и за новата методологија

Ана Ололовска

Европскиот суд ќе реагира против обидите на Варшава да ги санкционира судиите кои ја критикуваат владата

Ана Ололовска