Состанок за Ковид-19 на Мицотакис со надлежните министри – копнените граници една од темите

Од:

Прашањето поврзано со копнените граници и евентуалното нивно отворање за државјаните на соседните земији е меѓу темите што се разгледуваат на видеоконференцискиот состанокот за Ковид-19 на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министерот за здравство и неговиот заменик, со заменик-министерот за цивилна заштита, со претседателот на Националната организација за јавно здравје, како и шефот на експертската комисија во Министерството за здравство на Грција.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, на денешниот редовен бифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на копнените граници, односно дали постои размислување за нивно отворање за државјаните на соседите земји, како и во однос на министерската одлука за привремено ограничување на поврзувањата на Грција со Северна Македонија, Албанија и Турција, која истекува утре, рече дека на состанокот во премиерската палата се разгледуваат и овие прашања.

-Ова е елемент што се разгледува во овој момент на состанокот што е во тек и одговор на ова прашање ќе има кога ќе заврши состанокот. Прашањата што се поврзани со административни одлуки преку заеднички министерски одлуки, што се издадени, а истекуваат во следните денови, исто така ќе се оценат, за да се дадат соодветни насоки, за нивно обновување или прекинување, рече Пецас.

На 15 јули 2020 година, во Службен весник беше објавена одлуката потпишана од министрите за здравство, за транспорт и инфраструктура и за поморство на Грција, што ден подоцна стапи во сила и важи до утре, а се однесува на Северна Македонија, Албанија и на Турција за привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања, како и забрана за влез на грчка територија на лица од конкретните земји.

Портпаролот на грчката Влада, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека на состанокот ќе се разгледа и тековната состојба со коронавирусот во земјата, направените тестови, текот на спроведувањето на мерки, контролите за придржување до правилата и слично.

Пецас на брифингот уште еднаш потсети дека „ова лето е поинакво“ и ги повика граѓаните да избегнуваат метеж, да одржуваат растојание и да се придржуваат до упатствата на експертите.

-Ја добивме тешката битка, но не и војната. Ако се опуштиме, ќе го платиме тоа, порача Пецас.

Тој соопшти дека во текот на вчерашниот ден, надлежните органи направиле 1.178 инспекции за почитување на здравствените протоколи, констатирале прекршувања во 97 случаи и изрекле 110 казни во висина од 26.200 евра.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен