Соренсен: Вратите на Европа остануваат отворени за БиХ

Од:

Исходот од претстојните избори за Европскиот парламент и новиот состав на Еврокомисијата нема да влијаат на промената на односот на ЕУ кон БиХ и неа вратите за придружување ќе и останат отворени под услов да се спроведат очекуваните реформи, оцени специјалниот претставник на ЕУ за БиХ Питер Соренсен.

– Апсолутно сум сигурен дека нема да ослабе силната определеност на ЕУ БиХ во иднина да стане нејзина членка, рече Соренсен во интервју за „Ослобоѓење“.

Тој, сепак, повика во БиХ сериозно да се пристапи кон реформите, предупредувајќи дека приближувањето на изборите планирани за октомври не смее да влијае на застојот на реформските процеси.

– Непостоењето на економски раст е еден од причините за протестите кои ги видовме во изминатите месеци, напомена тој и наведе дека посебна работна група, која веќе е формирана, ќе работи на активирање на средства кои БиХ може да ги добие преку претпристапни фондови на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници