Сореца: Нејасната состојба во Албанија ќе продолжи многу повеќе отколку што мислевме

Од:

Амбасадорот на Мисијата на Европската унија во Албанија, Луиџи Сореца, коментирајќи ја ситуацијата откако албанскиот Парламент остана без опозиција, рече дека „нејасната состојба ќе продолжи многу повеќе отколку што мислевме“.

– Минатата недела реков дека одлуката за откажување од мандатите од страна на опозицијата може да создаде нејаснотии и оти ќе биде потребно време пред да дојде сигурност од Централната изборна комисија(ЦИК). На ЦИК ќе и треба повеќе време отколку што мислевме. Затоа, рековме дека откажувањето од мандатите би било контрапродуктивно за демократијата, оцени Сореца.

Евроамбасадорот и со апел за денеска најавениот протест на опозицијата, како контраодговор на закажаната седница на Парламентот.

– Очекуваме секој протест да биде мирен и без насилство, бидејќи тоа не е добро за Албанија и нејзината репутација, рече Сореца.

Околу најавата дека утре во Тирана доаѓа делегација на Комисијата за надворешни работи на Европскот парламент тој оценува дека посетата е потврда дека Парламентот е место за дискусија.

– Оваа посета не е случајност, туку потврда дека место за дискусија меѓу опозицијата и Владата е Парламентот. В четврток наутро ќе имаат прес-конференција и се надеваме дека ќе имаме позитивни сигнали, нагласи Сореца.

На прашањето дали европратениците ќе имаат улога на судија, тој со одговор дека тие имаат многу значајна улога.

-Европратениците одиграа значајна улога и во минатото. Ќе ги слушнат двете страни и ќе донесат оценка за одлуката во јуни, изјави евроамбасадорот.

Делегацијата на ЕП ќе има средби во Владата, лидерите на опозицијата и граѓанскиот сектор.

Би можело да ве интересира

МНР: Реагиравме до Европскиот парламент и грешкта е коригирана

Молотови коктели на протест во Тирана

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви