Сопругот на Јахјага го прекршил кодексот на облекување во Братислава

Од:

Словачките медиуми го критикува сопругот на косовската претседателка Атифете Јахјага, поради фактот што на Самитот на претседатели на централна и југоисточна Европа, дошол без сериозна облека и вратоврска, прекршувајќи го државниот протокол,кога станува збор за кодексот на облекување.

Словачки медиуми објавија фотографија на претседателката Јахјага со сопругот кој е без вратоврска, со обична кошула и со џемпер префрлен на рака.

„Ова може да се земе и како непочитување на словачката држава како домаќин на Самитот, бидејќи официјална Братислава сеуште го нема признато Косово, објавуваат медиуми во Словачка

– Сопругот на претседателката е дел од официјалната делегација и треба да го почитува протоколот. Тој не одеше да игра голф. Ова е официјален Самит и тој требаше да го знае тоа. И претседателката треба да знае, вели Олга Перушкова, експерт за протокол.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска