Соња Бисерко: Верувам во албанско-српското помирување

Од:

Претседателката на Хелсиншкиот комитет на Србија, Соња Бисерко во едно интервју за списанието на албански јазик „ШЕЊА“ се изјасни дека верува во албанско-српското помирување. Бисерко, отворено и многу храбро зборува за српските политички гревови на официјален Белград во минатите декади, без да ги остави настрана и грешките во чекори кои ги прави актуелната номенклатура на официјален Белград.

На прашањето за тоа како да се постигне траен мир, кој ќе стави крај на оваа црна историја меѓу Албанците и Србите?, таа вели: „Верувам во можноста за помирување меѓу Албанците и Србите. Сепак, за да се оствари ова, треба да се исполнат неколку основни предуслови. Отворање на прашањето на одговорноста за војните, а особено за извршените злосторства не е едноставна работа, но тоа е предизвик за секое општество. Србија е во политичка и морална криза и затоа треба да биде покреативна и посмела. На неа и недостасува доверба и оттука извира нејзината агресивност и таа пред сè не е во состојба да ги реши клучните проблеми на своето општество“. вели Бисерко за списанието “Шења”.

„Што се однесува до прашањето дали треба да има историски дијалог и договор меѓу Србите и Албанците, кој би требало да го иницира и кои се основните парадигми на еден таков договор, за тој да може да биде успешен, Соња Бисерко вели:

Решенијата треба да се бараат преку заеднички дијалог, бидејќи никој ја нема формулата за помирување. Секоја ситуација е специфична. Фактите се познати. Потребно е само политичка волја да се покрене еден таков процес на помирување.

Барајќи одговори на прашањето, кој треба да биде носител на подобрувањето на српско-албански односи: интелектуалците или политичарите од двете страни, Бисерко вели:

„Без разлика што сеуште не се создадени условите за Србите и Албанците да се движат во таа насока, неопходно е да се задржи комуникацијата на сите нивоа – политичко, културно и економски. Сепак, тоа е долг процес кој бара мудрост, храброст, толеранција и почит. Србите ги потценија Албанци во поглед на еманципацијата. Наместо да им ја подадат раката и на тој начин да добијат важен партнер и сосед на Балканот, тие со насилство и терор се обидоа да го решат српското прашање, повикувајќи се на историското право за Косово. Оваа политика беше поразена. Меѓународната заедница бара од Србија да ги нормализира односите со Косово и со Албанците и тоа стана еден од главните нејзини услови за почеток на преговорите со ЕУ“.

Соња Бисерко зборува и за нејзината визија за иднината на Србија, Косово и на Балканот поопширнo:

„Србите и Албанците се двата најголеми народи на Балканот. Нивната иднина зависи од зрелоста на елитите кои треба да воспостават нова основа за соработка и разбирање меѓу двата народи. Јас верувам во една таква иднина“, вели таа за списанието „Шења“.

Којa е Соња Бисерко?

Соња Бисерко е роденa во Белград во 1948 година. Таа е дете од мешан брак – татко Србин и мајка Хрватка. Дипломирала на Универзитетот во Белград на Економскиот факултет. Служел како дипломат на поранешна Југославија во Лондон и во Обединетите Нации во Женева над 20 години, до 1991 година, кога поднесе оставка од оваа позиција во знак на протест против политиките на Слободан Милошевиќ. Во 1991 година во Женева ги организирал првите состаноци на југословенска опозицијата против Милошевиќ. Во 1994 година го основа Хелсиншкиот комитет за човекови права во Србија (HCHRS) и е актуелен претседател на таа организација. Покрај Хелсиншкиот комитет, Бисерко е исто така еден од основачите на Центарот за Анти-војна во поранешна Југославија. За својот придонес кон мирот во последните две децении, има освоено десетици награди за заштита на човековите права и слободи.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари