ВИДЕО: Српски професор зборувал за „бугарските ѕверства“, Софија упати протестна нота

Од:

Директорот на Дирекцијата за Југоисточна Европа во Министерството за надворешни работи на Бугарија, Дејан Катрачев, го повикал амбасадорот на Србија во Софија, Жељко Јовиќ, за да му предаде протестна нота поради изјавите на директорот на Академијата за национална безбедност, професорот Драган Симеуновиќ, кој во една ТВ емисија зборувал за „ѕверствата на Бугарите“.

Според Бугарското национално радио, официјална Софија реагира на тоа што Симеуновиќ ги обвинил Бугарите за злоставување на деца и силување на жени, за време на интервју дадено оваа недела за телевизијата „Национална“.

Во интервјуто, српскиот професор, спомнувајќи австриски извори, нашироко раскажува за злосторствата што ги извршила бугарската војска врз цивилното население во Србија.

– Бугарите се познати по злосторствата што ги правеа каде и да одеа. Германците убиваа, а Бугарите се изживуваа. Тие дури имаа одред за силување. Семејството на мојот прадедо, бремена жена, чие дете беше извадено од матката, заедно со уште четири други деца, беа живи запалени. Убиваа и свештеници и учители, воведоа и бугарска настава, изјави Симеуновиќ во емисијата „Српски свет“ на телевизијата „Национална“.

Министерството за надворешни работи на Бугарија наведува дека изјавите на Симеуновиќ претставуваат јасна манифестација на јазикот што шири омраза кон Бугарија и кон Бугарите и очекува соодветна реакција од српските власти и институции, се наведува во соопштението.

Драган Симеуновиќ е српски политиколог и редовен професор на Факултетот за политички науки на Белградскиот универзитет.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Медиуми: Ќе биде сослушана и мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Орце Костов