Социјалистите поднесоа барање за импичмент на претседателот Мета

Од:

Во услови на зголемени политички тензии и различни толкувања на одлуката на претседателот Илир Мета за одлагање на локалните избори, што зависи од која страна доаѓаат, владејачката Социјалстичка партија продолжува со активностите во насока на разрешување на шефот на државата, јави дописничката на МИА од Тирана.

Откако партиското Претседателство донесе одлука за тоа, попладнево координаторот на пратеничката група Таулант Бала до претседателот на Парламентот Грамоз Ручи достави барање за импичмент на Мета.

Во барањето се наведува дека одлуката на Мета е „апсолутно неважечки чин, донесен со надминувањето на надлежностите на институцијата претседател и во целосна спротивност со уставните и демократските начела“.

Според Бала, преземениот чекор на Мета „има за цел незаконски да го попречи остварувањето на уставното право на албанските граѓани да избираат свои претставници во локалната власт”.

Во албанскиот Парламент в четврток се очекува дебата околу барањето на Социјалистите, но за донесување одлука им се потребни гласовите на 93 пратеници, кое владејачкото мнозинство ги нема па треба да ги „бара“ меѓу новите опозициски пратеници кои седнаа на испразнетите пратенички места на нивните сопартијци.

Во случај и да биде донесена одлука за разрешување на претседателот, според член 90 од Уставот на Република Албанија, треба да ја потврди Уставниот суд, кој повеќе од една година не функционира. Од девет членови колку што брои има само еден судија, откако другите не го поминаа процесот на ветинг.

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски