Социјалистите освоија 74, демократите 59 пратенички места во новиот албански Парламент

Од:

Претседателот на Централната изборна комисија,(ЦИК), Илирјан Целибаши, ги соопшти резултатите од неделните избори, иако, како што рече, останува за пребројување на гласовите од неколку избирачки места во Тирана и Драч.

Според него правото на глас во неделата го оствариле нешто повеќе од 1,5 милиони гласачи што е 45,72 отсто од вкупно запишаните 3.588.869 граѓани со право на глас.

-Најголем број гласови на изборите добил политичкиот субјект – Социјалиситичка партија, 48,7 отсто што претворено во пратенички места значи 74. Изборната коалиција „ПД-Алијанса за промени“, предводена од Демократската партија, освои 39,40 проценти од гласовите, односно 59 мандати, Движењето за социјалистичка интеграција(ЛСИ), 6,85 отсто што значи четири мандати и Социјалдемократската партија 2,24 проценти или три пратенинички мандати, информираше Целибаши.

Што се однесува до процесот на броење на гласовите, инцидентите на избирачките места и намерните одмори на лицата кои ги пребројуваа гласовите, за што има и доцнење, тој рече дека „ќе има сериозна кривична одговорност за секој член на избирачки одбор кој го прекршил изборниот законик. Додаде дека ЦИК располага со снимки од камерите кои беа поставени на сите избирачки места.

Во однос на застапеноста во новиот Законодавен дом, социјалистите имаат идентична присутност како и во претходниот состав (49,62 отсто од гласовите и 74 мандати), демократите имаат 16 мандати повеќе, ЛСИ има 16 мандати помалку, а социјалдемократите имаат два пратеника повеќе.

Би можело да ве интересира

Ковачевски ги соопшти носителите на изборните листи за парламентарните избори

Предраг Петровиќ

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Ахмети и Реџепи потпишаа коалиција: „Европскиот фронт“ ќе биде носител на промени, „да“ за ЕУ, „не“ за Русија

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој