Социјалистичката партија ја предводи изборната коалиција со 24 политички партии

Од:

Албанската владејачка Социјалистичка партија денеска потпиша избора коалиција за локаланите избори закажани за 30 јуни.

Коалицијата „Алијанса за европска Албанија“(АЕС) ја сочинуваат 24 политички партии кои се традиционални партнер на социјалистите, меѓу кои Демократско социјалистичката партија на Паскал Миљо и Социјалдемократската партија на Скендер Ѓинуши.

За разлика од последните локални избори, одржани во јуни 2015 година во изборната коалиција има 15 партии помалку.

Меѓу оние кои ги нема во оваа изборна коалиција се и партијата Социјалистичко движење за интеграција на Моника Круемади (тогаш лидер беше Илир Мета), Партијата за правда, интеграција и единство на Шпетим Идризи (партија на Чамите-протерани Албанци од грчката област Чамарија) и Нов демократски дух на поранешниот албански претседател, Бамир Топи.

Според албанскиот изборен законик рокот за регистрација на изборни коалиции во Централната изборна комисија е 1. мај, но бидејќи е празничен ден рокот е продолжен за еден ден.

Генералниот секретар на Социјалистичката партија, Таулант Бала, по средбата, искажа убедување дека нема да биде пролонгиран рокот за локални избори предвиден со Уставот.

– Изборите ќе се одржат на 30. јуни. Секој кој има тенденција да ги попречи гласачите да излезат на гласање, кој ќе се осмели да допре гласачка кутија казната изнесува од пет до осум години затвор, изјави Бала.

Бала избегна да одговори за одржување лидерска средба по иницијатива на претседателот Илир Мета, но не ја отфрли можноста за постигнување договор со цел надминување на недоразбирањата меѓу власта и опозицијата.

Би можело да ве интересира

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица