Собирање потписи за референдум во Хрватска за заштита на куната како валута

Од:

Референдумската иницијатива „Да ја заштитиме хрватската куна“ денеска почна да собира потписи на плоштадот Бан Јелашиќ во Загреб за распишување референдум, со кој, како што велат, сакаат да му овозможат на хрватскиот народ да одлучи за сопствената валута.

Потписи ќе се собираат на повеќе од 250 локации низ Хрватска, а граѓаните ќе се изјаснат дали сакаат Уставот да содржи одредба во која ќе биде наведено дека паричната единица на Република Хрватска е куната, која се дели на сто липи и дека одлуката за промена на паричната единица во Хрватска, гласачите ја носат на референдум, објави Хина.

– Го претставивме ова прашање пред еден месец, и во тие денови ниту еден правен или уставно-правен експерт не го критикуваше. Се подготвувавме долго време и веруваме дека тоа е направено конкретно и добро и не е спротивно на меѓународните договори кои Хрватска ги потпиша со Европската унија, изјави Марко Милановиќ Литре, претседател на организацискиот одбор и пратеник во Собранието од Хрватските суверени.

Тој очекува дека Уставниот суд ќе треба да го потврди тоа прашање кога ќе соберат доволен број потписи.

– Во овој момент се прави обид за насилно воведување на еврото, без да се испита јавното мислење на граѓаните и тоа сакаме да го промениме, истакна Милановиќ Литре.

Министерството за правда и администрација претходно денеска соопшти дека треба да се соберат 368.867 потписи за да се распише референдум „Да ја заштитиме хрватската куна“.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он