Собир во Грачаница: Не сме Косовари, туку Срби

Од:

Неколку илјади Срби од Косово и од Топличкиот округ денес присуствуваа на собирот во манастирот Грачаница, по повод девет годишнината од масовните напади на Србите и православните верски објекти.

Тие се потсетија на насилството од 17 и 18-ти март 2004 година, кога 19 лица загинаа, а повеќе од 4.000 беа протерени од своите родни места. Во двата дена беа запалени и уништени 36 православни верски објекти.

Началникот на Косовскиот округ Владе Костиќ истакна дека поради сето тоа од собирот и се обраќа на меѓународната заедница и одговорните во Приштина, Грачаница, Штрпец, Ново Брдо, Ранилуг и Партеш, да се обидат никогаш повеќе да не се повтори насилството од март 2004 година.

Доколку тоа не можат да го направат, ги повикуваме барем да ги казнат сторителите, секако доколку за тоа добијат дозвола од Приштина. Порачуваме дека тие поради сето ова не можат да ги претставуваат Србите од Косово и Метохија, во преговарачкиот тим на Приштина. Србите од Косово играат за екипа која има го носи знакот на Република Србија, а не Косово, бидејќи ние не сме Косовари туку Срби – изјави Костиќ.

Тој нагласи дека Србите денес во манастирот во Грачаница се собраа помеѓу останатото и за да му порачаат на светот дека нема да го напуштат Косово, бидејќи тоа е нивниот дом.

Началникот на Поморавскиот округ, Срѓан Митровиќ изјави дека Србите денес се собраа за да им одадат почит на настраданите, да не се заборават злосторствата и да дадат поддршка на државниот врв на Србија, за да на Србите на Косово им обезбедат права на живот како и сите други права кои ги уживаат граѓаните на Европа.

Се собравме и да кажеме дека сакаме да прифатиме заедница на српските општини, но заедница која има можност за самоуредување, која ќе може да го заштити своето население и во која ќе влезат сите српски села – наведе Митровиќ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ