Со трактори го бранат Бојко Борисов

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Бугарските земјоделци со трактори тргнаа кон Софија, во знак на поддршка на Бојко Борисов. Паралелно се одвива и петицијата за негово останување на местото премиер.

Редици од трактори и други земјоделски машини ноќва се упатија од околината на Стара Загора кон Софија, бидејќи земјоделците се задоволни од субвенциите кои кабинетот на Борисов редовно им ги давал.

И сточарите од родопското село Бисер се упатиле кон главниот град подготвени за радикална поддршка, на премиерот Бојко Борисов.

Potpisivanje-za-Bojka

Во меѓувреме во Софија започна акцијата за потпишување иницијатива, актуелната влада да остане до истекот на нејзиниот мандат.

Се шпекулира дека парламентарните избори ќе се одржат до Велигден.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина

Земјотрес во Бугарија