Со по две дози се вакцинирани 63,4 отсто од возрасните граѓани на Косово

Од:

Министерството за здравство на Косово објави дека, една година од почетокот на вакцинацијата против Ковид-19, Косово го има највисокиот степен на вакцинирани од сите земји во регионот, и покрај тоа што државата беше последна од окружувањето која го започна тој процес, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното соопштение на МЗ се наведува дека досега во земјата, од населението над 18-годишна возраст, со по една доза се вакцинирани 70 отсто, додека со по две дози 63,4 отсто, додека кај наелението над 12-годишна возраст една доза примиле 62,7, а две дози 57,1 отсто од граѓаните. Предизвик, вели МЗ, останува третата доза, која ја примиле само седум отсто од населението над 12-годишна возраст.

– Една година од почетокот на вакцинирање против Ковид-19 (29 март 2021 година), иако како последна земја во регионот го започна вакцинирањето, Косово успеа да стаса до највисокиот степен на вакцинација од земјите во регионот, вклучително Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија и други држави, а може да се споредува и со одредени западноевропски земји. Со над 1.820.000 администрирани дози, вакцинацијата кај населението над 18 години во Косово достигна 70 отсто со една и 63,4 отсто со две дози.Кај населението над 12-годишн возраст се вакцинирани 62,7 отсто со една и 57,1 отсто со две дози, се вели во соопштението на косовското МЗ.

Според официјалните статистики на косовските здравствени власти, заклучно со вчерашните податоци, досега во Косово се евидентирани 227.377 случаи на заразени, од кои 223.652 лица ја совладале болеста, додека 3.132 починале. Вклучително денешните податоци, според кои се извршени 969 тестирања, од кои како новозаболени се евидентирани 32 лица, додека се излекувале 36 лица и нема ниеден смртен случај, бројката на активни носители на вирусот во земјата изнесува 593.

Последните неколку недели во Косово значително опадна бројот на новозаболени од Ковид-19, така што дневно има по 20 до 50 нови случаи, односно во просек по околу три до четири отсто од лицата кои се тестираат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски