Со нож ранета бегалка од Авганистан во кампот Мориа на Лезбос

Од:

Во критична состојба се наоѓа 18-годишна годишна девојка од Авганистан откако била прободена со нож од нејзин сонародник во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос, објавија локалните медиуми.

Според истите информации причините за инцидентот не се познати, полицијата го уапсила сторителот, а девојката со сериозни повреди во пределот на градите и стомакот била пренесена во болница, јави дописничката на МИА од Атина.

Ова е трет случај на инцидент со нож во Мориа од почетокот на годинава.

Во петокот, за време на расправија во бегалскиот камп, животот го загуби 20-годишен мигрант од Јемен, откако непознато лице го прободило до смрт со нож, а минатата седмица во болницата на островот, на повредите им подлегнало едно лице кое за Нова Година било прободено со нож.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски