Со низок процент имунизирани неизбежен e четврти бран на Ковид-19 во Србија, алармираат здравствените власти

Од:

Државниот секретар на Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек, денеска изјави дека одговорот на младите на вакцинацијата против Ковид-19 е незадоволителен, бидејќи изнесува само 17,2 проценти, и дека мора да се забрза во текот на летото.

– Со толку низок процент на имунизација на младите и со делта-сојот што ќе ја покаже својата сила само за еден месец или два, едвај можеме да чекаме мирна есен и неизбежен е четвртиот бран, што веројатно ќе дојде пред есента, изјави тој за РТС.

Во Србија досега се вакцинирани 2.416.560 возрасни граѓани на Србија, што е 48,4 проценти.

Ѓерлек напомена дека оние кои не се вакцинирани, играат „рулет со опасен вирус“ целосно непотребно, бидејќи имаме „милиони дози на вакцини“.

Во Србија пред неколку дена се регистрирани два случаја на инфицирани до делта-сојот.

Би можело да ве интересира

Србија ќе воведува ковид сертификати за во ресторани, кафулиња, ноќни клубови

Катерина Павлова-Николовска

Во Србија се повеќе барања за воведување ковид пропусници

Брнабиќ: Обврзната вакцинација на лекарите ќе ја доведе земјата пред Европскиот суд за човекови права

И во земјите од регионот наставата почна со физичко присуство

Во сите балкански земји расте бројот на новозаболени од Ковид-19, Србија и Косово со повеќе од 1.000 нови случаи

Катерина Павлова-Николовска

И во Србија расте бројот на новозаболени од Ковид-19, денеска регистрирани 303 случаи