Со гласови на членовите на победничкото мнозинство ИК на Подгорица ги усвои конечните резултати од локалните избори

Од:

Изборната комисија на црногорскиот главен град, со гласови на претставниците на партиите што го освоија мнозинството, денеска ги усвои конечните резултати од изборите во Подгорица. Претходно претседателот на изборната комисија, Веселин Вукчевиќ, и членовите на Демократската партија на социјалистите (ДПС) ја напуштија седницата, јави агенцијата МИНА.

Вукчевиќ претходно ја затвори седницата на Комисијата бидејќи, како што рече, членовите не сакале да се изјаснат за дневниот ред.

На дневен ред на седницата беа три приговори кои претходно ги доби ИК, а беа поднесени од избирачи.

На членовите на ИК им беа доставени и инструкциите од Државната изборна комисија (ДИК) за објавување на конечните изборни резултати.

ДИК го усвои приговорот на носителот на листата на „Движење Европа сега” (ПЕС), Јаков Милатовиќ, со кој се утврди дека ИК не одлучил по неговиот приговор за необјавување на резултатите во законскиот рок од 24 часа.

Дел од членовите на ИК побараа телото да ги објави конечните резултати од изборите, што Вукчевиќ го одби, наведувајќи дека тоа не е во согласност со законот.

Вукчевиќ повтори дека нема да ги потпише конечните резултати од изборите додека не се исполнат условите за тоа.

-Кога ќе се исполнат условите од член 98 од Законот за избор на советници и пратеници, тогаш мојата рака ќе потпише. Сакам да се спротивставам на правната измама и непочитувањето на законот, рече Вукчевиќ, пренесе РТЦГ.

Дел од членовите на ИК од победничките изборни листи ја продолжија седницата и го назначија најстариот член Радосав Јокиќ за претседател на ИС на главниот град, по што го дополнија дневниот ред и ги утврдија конечните резултати.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дошол да ги надгледува изборите, па спаси бебе во Морача – шведски пратеник денеска е херој во Црна Гора

Горан Наумовски

ВИДЕО: Снимка од спасувањето на бебето – Баба скокнала со внукот во Морача, го извлекле минувачи

А1он

Бебе извлечено од Морача, жена се удави

Предраг Петровиќ

Ѓукановиќ и Милатовиќ одат во вториот круг на претседателскиот избори во Црна Гора

Претседателски избори во Црна Гора

Ѓукановиќ го распушти Парламентот на Црна Гора

Ана Ололовска