Со 50 милиони долари Албанија годинава ќе го подобрува системот за електро дистрибуција

Од:

Албанија годинава планира да потроши 50 милиони долари за системот за дистирибуција на електрична енергија, јави дописникот на МИА од Тирана.

Со овие пари главно ќе се набават нови струјомери, а ќе се интервенира и на електромрежата. Според податоците на Регулаторниот завод за енергетика ЕРЕ, над 80 отсто од мрежата е стара 35-40 години, системот за мерење е оштетен, кабините искршени, додека далноводите амортизирани.

– Од 171 трафостаница, 154 од нив се изградени пред 38 години. Од 45 илјади линии за пренос на стгруја 41 илјада се стари 35-40 години; од 25 илјади трансформатори 20 илјади се на „возраст“ од 34 години, додека од 24.600 електрични кабини 20 илјади се изградени пред 35 години, пренесуваат албанските медиуми повикувајќи се на податоци на ЕРЕ.

Во однос на финансиската ситуација во албанската електрокорпорација КЕШ, приходите во 2014 година забележале раст од околу 100 милиони долари. Тоа секако како резултат на акцијата што Владата која ја зголеми наплатата поради страв од одење во затвор правни и физички лица платија сметки заостанити со години. Контролите пак придонесоа да се намалат нелегалните поврзувања, а со тоа и процентот на загуба на струја во електромрежата за околу 10 отсто.

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски