Снег во Црна Гора

Од:

Во северниот дел на Црна Гора падна снег, и тоа во Беране, Андријевица, Плав и Жабњак.

На Жабљак и утрово паѓа снег, а температурата во градот во седум часот изнесувала нула степени, јавија локалните медиуми.

Во наредните денови се очекува нестабилно време со врнежи, додека, според проценките на метеоролозите, стабилизација на времето и пораст на температурите ќе има во петок.

Вчера попладне се намали јачината на ветрот кој предизвика голема материјална штета во Загреб, а врнежите од дожд продолжија во Хрватска. Во делови на БиХ ситуацијата е критична поради поплавите, каде и денеска се трага по шестгодишно дете кое паднало во надојден поток.

Сите надлежни служби во Загреб беа ангажирани за санирање на проблемите предизвикани од силниот ветер, кој дури вчера изутрина малку ослабна. Во текот на претходната ноќ загрепските пожарникари имале над 460 интервенции.

– Прогнозите не се добри. Во следните два дена очекуваме уште 50 до 100 мм дожд во континенталните делови на Хрватска, а исто така и многу дожд во БиХ, што ќе влијае на водостојот на реката Уна, изјави завчера генералниот директор на Хрватски води Зоран Ѓурковиќ.

Интензитетот на ветрот вчера се намали и во Босна и Херцеговина, но дождот не запре.

Во местото Бегов Хан кај Жепча денеска шестгодишно момче паднало во поток, чиј водостој се зголеми како последица на обилните дождови. Неговата мајка скокнала по него за да го спаси, но безуспешно. Со возило на Брза помош мајката е префрлена во болница, а специјална полициска единица се уште трага по детето.

Обилните дождови во БиХ предизвикаа поплави на север и во централните делови на земјата, каде одделни места се отсечени, а граѓаните пријавуваат проблеми со снабдувањето со вода и струја.

Би можело да ве интересира

Црногорски бизнисмен со нови снимки за наводна корупција во Обвинителството

ВИДЕО: Црногорски политичар уапсен на покривот на автомобилот – полицијата едвај го совлада со солзавец

Ана Ололовска

Вишеградската група апелира да се забрза интеграцијата на Балканот во ЕУ

Во Црна Гора странски инвестиции од 241 милион евра, 23 отсто повеќе од лани

Ана Ололовска

Во Црна Гора над 8.000 деца не примиле ММР вакцина

Ана Ололовска

Метју Палмер во посета на Црна Гора

Ана Ололовска