Сменет хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ

Од:

Хравтскиот премиер Зоран Милановиќ денеска соопшти дека го разрешил министерот за финансии Славко Линиќ и дека за негов наследник на таа функција ќе го предложи Борис Лаловац.

Смената на Линиќ уследи по аферата со пренос на недвижен имот на фримата „Спачва“, со што државниот буџет на Хрватска е оштетен за 27 милиони куни (3,5 милиони евра).

– Ова е политичка одлука и неговате смена претставува техничко прашање. Одлука на Линиќ е дали ќе остане пратеник во Саборот, нагласи Милановиќ на вонредна прес-конференција во седиштето на Владата, на која нагласи дека Линиќ повеќе не ја ужива неговата доверба и дека затоа не гледа можност за продолжување на нивната соработка.

Милановиќ најави дека за нов министер за финансии ќе го предложи Борис Лаловац. – (Лаловац е) млад и образован човек, уаптен во сите работи поврзани со државните финансии, потенцира Милановиќ.

Смената на Линиќ уследи откако утрово тој имаше разговори во четири очи со Милановиќ, на кои, како што објави интернет изданието на загребскиот дневен весник „Вечерњи лист“, премиерот побарал да му појасни како во рамки на претстечајните договори со компанијата „Спачва“ државата признала проценка на недвижен имот што е за 27 милиони куни поголема од онаа на Даночната управа во Винковци.

Милановиќ на прес-конференцијата нагласи дека не бил задовоелн од одговорот на Линиќ, но одби да даде повеќе детали за нивниот претпладневен разговор.

– На ваков начин не може да се работи и довербата е сериозно нарушена. Ми благодарам на министерот Линиќ за придонесот во Владата, додаде Милановиќ.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег