Словенија верува дека Судот на ЕУ сепак ќе се прогласи за надлежен

Од:

Словенечкото Министерство за надворешни работи денеска, реагирајќи на оценката на независен адвокат дека Судот на ЕУ не е надлежен за словенечката тужба против Хрватска во однос на имплементацијата на арбитражната одлука за границата, соопшти дека таквиот сстав за Судот не е обврзувачки.

„Судот на ЕУ не е поврзан со мислењето на независниот адвокат, ниту тоа е обврзувачко за Судот, туку претставува само еден од чекорите во судската процедура“, се наведува во соопштението за јавност на словенечкото МНР.

Претходно денеска, независниот адвокат на Судот на ЕУ, Естонецот Прит Пикамае истакна дека тој суд не е надлежен во спорот кој Словенија го почна против Хрватска, поради наводно прекршување на европското право, предизвикано од неспроведувањето на арбитражната одлука за границата, јави Хина.

Мислењето на независниост адвокат, како ни одлуката на Судот на ЕУ која се очекува на пролет следната година, не се однесуваат на содржината на словенечките приговори, туку само на прашањето дали Судот на ЕУ е надлежен или не за тоа прашање. Инаку, мислењето на независните адвокати не се обврзувачки за Судот. Независниот адвокат не застапува ничии интереси, ниту страни, ни јавност, туку само дава стручно мислење за релевантни правни прашања.

Словенија почна постапка против Хрватска врз основа на Договорот за функционирање на ЕУ и предложи Судот на ЕУ да утврди дека официјален Загреб ги прекршува член 2 и 4 од Договорот, кои се однесуваат на почитување на владеење на правото и лојална соработка меѓу државите-членки на ЕУ. Словенија, исто така, тврди дека Хрватска ја прекршува уредбата за заедничка рибарска политика, шенгенските прописи за движење на лица и директивите во поморското просторно планирање.

Словенечкото МНР во денешната реакција го повтори ставот на официјална Љубљана дека Словенија, без оглед на конечната пресуда на Судот каде ја тужи Хрватска, останува при ставот дека пресудата на арбитражниот суд за границата од 2015 година за Хрватска е задолжителна.

Би можело да ве интересира

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он

Семејство и двајца водичи се спасени од пештера во Словенија, беа „заробени“ три дена

Горан Наумовски

Спасувачките служби објавија фотографии од пештерата: Познати нови детали за спасувањето

А1он