Словенија: Со години го криел телото на покојната мајка, за да продолжи да ја зема пензијата

Од:

Словенечката полиција уапси 67-годишен маж, кој повеќе години го криел телото на покојната мајка, тврдејќи дека е жива, за да продолжи да ја добива нејзината пензија.

Полицијата била алармирана од роднини на жената, кои барале да ја посетат, а нејзиниот син постојано одбивал.

Телото на починатата жена било пронајдено во станот на уапсениот во Љубљана. Се претпоставува дека жената починала пред неколку години, но официјално не се утврдени причината и датумот на смртта. Според приказната на синот, жената сега требала да има 97 години.

Според дел од словенечките медиуми, жената последен пат била видена пред шест години, додека според други медиуми таа била видена во 2011 година.

Уапсениот син, чие име не е соопштено, ги лажел роднините дека неговата мајка не сака да се види со никого. Тој го фалсификувал нејзиниот потпис и продолжил да ја прима нејзината пензија, пишуваат словенечките медиуми.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он