Словенија, Послка и БиХ повикаа на прием на Западен Балкан во ЕУ

Од:

Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан би придонело за зачувување на мирот и стабилноста во регионот, порачаа од заедничката средба претседателите на Словенија и Полска, Борут Пахор и Анджеј Дуда и членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ.

Средбата се одржа во замокот Стармол во рамки на дводневната посета на полскиот претседател на Словенија, на која Пахор го покани и Иваниќ.

По средбата Пахор оцени дека состјбата на Западен Балкан се влошува во услови кога ЕУ преокупирана со своите проблем, вниманието го поместува од случувањата во регионот,

Пахор посочи дека европската перспектива останува најсигуно средство за зачувување на стабилноста, нагласувајќи дека продолжувањето на проширувањето на ЕУ би помогнало за стабилизација на состојбата во реонот на Западен Балкан.

– Ако надвладее уверувањето дека приширувањето е неизводливо или невозможно, состојбата ќе се влоши уште повеќе, изјави Пахор, оденувајќи дека внатрешната криза во ЕУ придонесува за намалување на енузијазмот околку проширувањето на Унијата.

На заедничката прес-конференција по средбата, Дуда нагласи дека Полска останува ангажирана за зачувување на мирот во регионот на Западен Балкан и се залага за изградба на добри односи меѓу сите народи,

Иваниќ, пак, изрази благодарност до Пахор и Дуда, кои и покрај внатрешните проблеми, песимизмот и загриженоста на земјите членки на ЕУ, изразиле интерес да ги чујат и ставовите на БиХ за состојбата во регионот на Западен Балкан.

– Охрабрува фактот дека и натаму има политичари и лидери, кои го сфаќаат значењето на ЕУ за целите на Западен Балкан, рече Иваниќ.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски