Словенија на врвот во Европа според неделниот број на смртни случаи од Ковид-19

Од:

Според статистиката на школата Оксфорд Мартин, Словенија е на прво место во Европа според неделниот број на смртни случаи од коронавирус, со просечен број од 23,23 пациенти на милион жители.

Статистичките податоци покажуваат дека во моментов најтешка е состојбата во Југоисточна Европа, каде Бугарија е на врвот на листата со 19,86, Македонија со 14,88 и Босна и Херцеговина со 14,76 на милион жители, пренесува порталот 24 УР.

Како што се наведува, на почетокот на пандемијата, Белгија имаше највисока неделна смртност со 28,77 смртни случаи.

Кога станува збор за вкупната смртност, најпогодена е Велика Британија, каде починале 3,6 проценти од вкупниот број на пациенти, по што следи Италија со 3,5 проценти.

– Словенија стана земја со најголем број смртни случаи во Европа од средината на ноември, но многу е тешко да се каже дека е на прво место, изјави епидемиологот Алекс Јакулин.

Би можело да ве интересира

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он

Семејство и двајца водичи се спасени од пештера во Словенија, беа „заробени“ три дена

Горан Наумовски

Спасувачките служби објавија фотографии од пештерата: Познати нови детали за спасувањето

А1он