Словенија ja поддржува идејата за „ковид пасоши“

Од:

Словенија изрази поддршка за концептот на „ковид пасоши“, додека европските министри денеска започнаа дебата за идејата, иницирана од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави словенечката агенција СТА.

Гашпер Довжан, државен секретар на Министерството за надворешни работи за европски прашања, ја поддржа идејата за европски сертификати за вакцинација, кои, како што рече, може да зајакнат четири европски слободи во согласност со принципите на правото на ЕУ, соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи.

Премиерот Јанез Јанша неодамна рече дека потврдата за вакцинација што го олеснува прекуграничното патување нема да биде необична, бидејќи некои земји веќе бараат доказ за вакцинација против одредени заразни болести пред да им дозволат на патниците да влезат.

Неговата канцеларија го повтори тој став денеска, наведувајќи дека Јанша „веќе јасно стави до знаење дека мисли дека тоа ќе се случи порано или подоцна“.

„Премиерот претходно оцени дека пасошите за вакцинација ќе бидат од корист за сите“, велат од неговиот Кабинет за СТА.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он