Словенија ја отстранува жичената ограда од границата со Хрватска

Од:

Новата словенечка влада има намера до крајот на годинава да ги отстрани антимигрантските физички бариери од шенгенската граница со Хрватска, за што наскоро ќе направи оперативен план, јави СТА.

dobivaj vesti na viber

Отстранувањето на привремените технички бариери е еден од приоритетите на Владата, потврдија од Министерството за внатрешни работи за словенечката новинска агенција, истакнувајќи дека планот е да се спроведе до крајот на годинава, со прецизирање на оперативните детали до крајот на овој месец.

Според податоците на словенечкото МВР, Словенија кон Хрватска има 135.372 метри панелна дрвена ограда и 60.595 метри жица, за чие поставување досега потрошила 23,25 милиони евра, а за одржување уште 3,6 милиони.

Поставувањето почна во екот на мигрантската криза во 2015 година и периодично се надополнуваше, а жицата беше заменета со панелна ограда.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Сплит поплавен, сообраќаен хаос на улиците на градот

Катерина Павлова-Николовска

Пахор: Единствен начин за решавање на проблемите на Западен Балкан е забрзување на процесот за членство во ЕУ

Ана Ололовска

Бројот на слободни работни места во Словенија достигна рекордно високо ниво во вториот квартал

Објавени се вознемирувачки снимки од разговорот на починатиот хрватски новинар Владимир Матијаниќ со дежурните лекари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар на Хвар, загина човек

Горан Наумовски

Најмалку 11 лица загинаа, a 34 се повредени во автобуска несреќа во Хрватска

Горан Наумовски